(ВИДЕО) Бетим Азири е нов член на Советот на Општина Куманово

Бетим Азири од ДУИ е нов член на Советот на Општина Куманово чиј што мандат беше верифициран на денешната седница.

Азири доаѓа на местото на советникот Фатмир Идризи кој што на претходната седница поднесе оставка, откако претходно бил назначен за директор на хидроцентралата Треска.

– Го разгледавме уверението за Бетим Азири од Демократска унија за интеграција (ДУИ) издадено од Општинската изборна комисија и утврдивме дека наведениот советник има уредно и врз основа на закон поднесено уверение за неговиот избор. Верификационата комисија му предлага на Советот да го усвои овој извештај и да изврши верификација на овој мандат. Пред да се стори тоа му посакувам успешна работа, добро здравје и ефикасно работење во Советот, рече Миле Андоновски, претседател на Комисија за верификација на мандат при Советот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)