(ВИДЕО) Болницата се враќа во нормална состојба, во функција сите оддели

Кумановската болница се враќа во нормална состојба. Во функција се сите оддели и амбуланти. Редовно се примаат сите пациенти. Хирурзите веќе се вратени во салите. Здравствените работници по две години започнаа да користат и годишни одмори. На инфективниот оддел е хоспитализиран само еден пациент позитивен на коронавирусот.

Во моментов имаме 1 позитивен пациент хоспитализиран на инфективниот оддел, а има уште шест хоспитализирани пациенти но од друга патологија. Различна инфективна патологија, дали се работи за респираторни, уринарни инфекции, инфекции на кожа и слично кои изискуваат некоја хоспитализација. Хируршките гранки функционираат, операциите почнаа, интерното одделeние има пациенти со различни патологии и пост ковид компликации кои се јавиле, хронично болни, пореметувања на коагулација на крвата и слично сите оддели се враќаат во нормала-посочи директорката на кумановската болница, Снежана Захариева.

Модуларната болница  од минатиот месец е затворена. Новите случаи се примаат на инфективниот оддел.

-Се надевам дека ќе остане епидемиолошката состојба ваква иако имаме доста јавувања кај пациенти коишто и кај вакцинирани и кај невакцинирани но со белодробна симптамотологија со која заради претпазливост мора да се исклучи ковид 19. Треба да бидеме претпазливи, да ставиме фокус на масовна вакцинација и на помладите категории кои поминуваат со полесна клиничка слика, но од друга страна вршат трансмисија на ризичните групи на пациенти-дополнува Захариева.

Од почетокот на пандемијата Куманово беше меѓу градовите со најголем број заболени од ковид 19. Согласно податоците односно табелата на Министерството за здравство, градот се наоѓа веднаш зад Скопје, со бројка од околу 9.000 вкупно заболени.

Коментари

коментар(и)