Водата од филтер-станицата и дренажните системи (Бедиње и Митев мост) е целосно безбедна за пиење, информираат надлежните од ЈП „Водовод“.
„Периодичните анализи на водата досега покажуваат дека е безбедна за пиење, а зголемената потрошувачка на водата веројатно е последица на неовластено користење на водата“, посочува Тони Јовчевски, раководител на одделението за водоснабдувачки објекти во ЈП „Водовод“
-Водата во Куманово се испитува од 11 мерни места вклучително и фабриката за преработка на вода односно познатата филтер станицата и водата од водоводниот систем во Куманово е безбедна за користење според досегашните резултати земани од Центарот за јавно здравје, од нашата лабораторија и земани од Институтот за јавно здравје, проширено периодичните анализи кои се работат периодично на три месеци, сите анализи досега кажуваат дека водата е безбедна за пиење. Последните отстапувања во однос на квалитетот на водата беа евидентирани пред две години. Водата од филтер станицата, како и од дрежаниот систем Бедиње и од Митев мост е потполно безбедна за пиење. Причина за зголемена потрошувачка на водата е неовластено користење на водата, изјави инженерот Јовчевски.