ВИДЕО: Во Куманово пописот тече успешно и нема проблеми

Пописот продолжува, системот е рестартиран, истакна при денешната посета на пописниот центар во Куманово, првиот човек на заводот за статистика. Според Симовски кога се работи со технологија, можни се пречки. Но направен е апдејт на апликацијата и системот функционира. Тој ја отфрла можноста да се внесени двојни податоци. Досега се попишани околу 150.000 граѓани.

-Денешното рестартирање на самиот процес е во тој дел да нема повеќе вакви случаи, она што вчера ни се случи тој технички проблем, најдено е решението и сето ова е за повеќе да го нема. Секогаш кога работите со технологија се можни вакви случаи. Тие беа предвидени и однапред и затоа има цела екипа и од провајдерот на апликативното решение и од провајдерот на интернет конекцијата, постојана екипа која е подготвена во случај на такво нешто да интервенира и луѓето тоа го прават и продолжуваат работите-нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика.

Директорот на државниот завод за статистика ја отфрли можноста поради прекините во апликацијата да се внесени двојни податоци. Досега ниту едно лице не е казнето. Станува збор за мал број случаи на одбивање, а обврска на државните инструктори е да разговараат со овие граѓани.

Претседателот на пописната комисија во Куманово, Гелевски информира дека во најголемата општина во државата, но и во Општина Старо Нагоричане, засега пописот се реализира успешно. Ангажирани се 310 попишувачи, кои работат согласно здравствените протоколи.

-Сите попишувачи кои се изберени согласно договорот со државниот завод за статистика имаме ангажирано 310 лица, од кои 258 како реонски попишувачи, 26 како реонски инструктори и 26 лица како резервни попишувачи. Сите лица се излезени на терен, досега нема пријавено никакви проблеми кај граѓаните, се јавуваат проблеми кои се пред се од техничка природа, меѓутоа истите благовремено се надминуваат и се решаваат-истакна Александар Гелевски, претседател пописен реон Куманово.

Попишувачите во Куманово и Старо Нагоричане досега не регистрирале бојкот на населението.

Коментари

коментар(и)