Изградба на водоводни мрежи во руралните средини не е предвидена ниту со Програмата за уредување на градежно земјиште, ниту со Развојната програма на Секторот за комунални дејности на Општина Куманово, истакнаа надлежните на седницата за советнички прашања.
„Согласно законот, ЈП „Водовод“ еден ден треба да ги превземе тие системи под своја надлежност. Но, претпријатието не ја презема одговорноста бидејќи тие системи би претставувале дополнителен финасиски губиток, рече градоначалникот Максим Димитриевски.