(ВИДЕО) Годинава ќе се реконструира кровот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Проектот за реконструкција на кровната конструкција на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, е добиен од Министерството за образование и наука, и истиот би требало да започне да се реализира оваа година, информираше на последната седница на Советот, раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Александар Јовановиќ.

Тој објасни дека МОН лани во два наврати распишувало огласи меѓутоа немало заинтересирани изведувачи, па средствата се префрлени и постапката е оставена за оваа година.

-Во меѓувреме од МОН беше побарано од нас да се достави нова предмет пресметка за ова училиште од страна на ЈП „Куманово план“, истата е изработена и доставена до МОН. Тоа значи дека постапката за реконстркција на кровната конструкција на овие две училишта е добиена од МОН и е во тек-истакна Јовановиќ.

Коментари

коментар(и)