Екипите од „Чистота и Зеленило“ и денеска активно работат на справување со чадот на депонијата Краста. Со механизација се нанесува земја. Чадот се чуствува во селата Пчиња и Студена Вода. Во изминативе пет години на оваа депонија имаше само два поголеми пожари. Трајно решение на проблемот надлежните гледаат во изградбата на трансфер центар во рамки на проектот за регионална депонија.
ВИДЕО: Екипите работат на справување со чадот на депонијата
