Долга дебата во Советот предизвика предлог одлуката за распределување средства за програмата за културни манифестации по јавен оглас во Општина Куманово. Советниците расправаа колку средства биле доделени на македонски, а колку на албански здруженија.
Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска истакна дека општината е на сите, без оглед на етничка припадност, но праша зошто Министерството за култура одвоило средства само за настани за Центарот за култура.
Раководителот на Секторот за култура, Александар Крстевски објасни дека на огласот аплицирале 95, а средства добиле 67 здруженија, кои поднеле комплетни документи.
За оваа намена општината одвои над 7 милиони денари.