Општинската организација на СДСМ Куманово денеска одржа прес-конференција во врска со одлуката за задолжување на Општина Куманово. Советникот Томица Илиќ кажа дека по поднесените претставки до надлежните инспекторати добиле известување во кое инспекторатот за локална самоуправа утврдил неправилности во работењето на Советот на Општина Куманово.
„Денешната прес конференција е продолжеток на настаните од претходната на која најавив дека ќе поднесеме претставки до надлежните инспекторати во врска со одлуката за задолжување на Општина Куманово. Сакам да ја известам кумановската јавност дека добивме одговор/известување во кое инспекторатот за локална самоуправа утврдил неправилности во работење на органот на надзор т.е Советот на Општина Куманово, односно дека донесениот пропис не е во согласност со законот за финансирање на ЕЛС, член 20 и поради оваа неусогласеност инспекторатот ќе изготви решение за запирање на примена на прописот. Ова е само потврда на се што зборувавме советниците од СДСМ и коалицијата на самата седница кога се носеше оваа одлука. Владејачкото мнозинство немаше слух за незаконитоста во постапката па затоа сега се отвара прашањето дали свесно работеа против законски заради некои други цели бидејќи сумата од 100 000 000 денари и начинот на кој ги одбија сите наши укажувања отвараат сериозен сомнеж во намерите на мнозинството. Како советници бараме одговорност, морална, политичка и на крај ќе побараме и законска, дали кривична дали прекршочна директно од претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска бидејќи дозволи предлог одлука која не е во согласност со законот да се најде на дневен ред на седница и од градоначалникот кој ја оценува законитоста на донесените прописи, член 51 од закон за ЛС, а сепак го потпишал прописот и како таков е објавен во Службен гласник. Како избрани претставници на граѓаните ние советниците од СДСМ и коалицијата ќе продолжиме да се бориме за минимум достојно и пред се законско работење на Советот на Општина Куманово. Граѓаните на Куманово очекуваат секојдневно да се подобрува животот во Куманово, а наместо тоа добиваме уназадување и тотално обезличување на Куманово“, кажа Илиќ.