Службата за трансфузиона медицина во Куманово располага со доволен број крвни единици. Надминат е проблемот со недостаток, кој се јави за време на пандемијата, кога граѓаните поради страв од зараза, избегнуваа посети на здравствени установи. Лекарите велат интерес за дарување има кај нив, но и на акциите коишто се организираат. На месечно ниво бројот на дарители само во службата се движи од 150 до 200.