Вкупно 75 интервенции на Територијалната противпожарна единица Куманово се евидентирани во текот на месец јуни, а дури една третина од интервенциите биле во месноста Стари лозја, информира командирот Дејан Илиевски. Тој повторно апелираше до месното население да не палат смет на отворен простор бидејќи можат да ја загрозат безбедноста на граѓаните во околината.
Во меѓувреме, се работи на делумна реконструкција на гаражниот простор, но и пристапот кон Територијалната противпожарна единица во Куманово.