Наскоро треба да започне реконструкцијата на дел од објектот во кумановската противпожарна единица, информираат оттаму, нагласувајќи дека договорите веќе се потпишани. Покрај санацијата на дел од објектот, пожарникарите од Куманово во рамки на проектот кој го реализира Центарот за развој на североисточниот плански регион, треба да добијат и нови возила како и опрема. Се надеваат на значително подобрување на условите за работа, како и поголема можност да одговорат на сите барања.
Во рамки на проектот „Заштита и превенција од пожари во микрорегионот, општина Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце“ ќе се изработи и апликација, преку која граѓаните ќе можат навремено да пријават шумски пожар, со точна локација и координати. Вкупно за проектот се одвоени над 21 милион денари. Средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарска Агенција за обнова и развој.