Нов лик доби основното училиште „Карпош“ од село Умин Дол. Станува збор за целосна реконстурукција на зградата, која датира од 1928 година. Уредена е кровната конструкција, фасадата, внатрешноста на објектот. Надлежните информираат дека реконструкција е од големо значење за нив, бидејќи учениците и наставниците ќе работат во нови, подобри услови.
-Проектот беше аплициран лани во месец март 2021 година во Министерство за образование и наука, преку Сектор за образование и општина Куманово на јавен повик. Аплициравме, проектот го изработи Куманово план, ни го одобрија и добивме целосна реконструкција на училиштето. Она што не беше опфатено беше електрична инсталација, водоводна инсталација и инвентар во училиштето, меѓутоа тоа го покри општината-истакна Тања Тодоровска, директорка на ОУ „Карпош“ село Умин Дол.
Новата учебна година во ова училиште ја почнуваат 13 првачиња. Освен во Умин Дол, тие ќе се образуваат и во подрачните училишта во Љубодраг и Ново Село.
-Тука имаме седум, во Љубодраг имаме 6, така да константно ја држиме таа бројка до кај петнаесет дечиња, вкупно имаме сто и триесет ученика. Ние почнуваме без проблеми, без долгови, моментално имаме клими за греење, ако се зголеми многу сметката сме на пелети, така да се надевам ако не остават да учиме со физичко присуство ние ќе опстанеме. Да се надеваме дека и Владата и Министерството ќе не поддржат во тоа, инаку родителите засега се сложуваат со физичко присутсво, онлајн настава не ја поддржуваат па ќе видиме што ќе се случи понатаму-дополни Тодоровска.
По повод 1-ви септември, и почетокот на новата учебна година, училиштето организираше свечен прием на првачињата, но беа доделени и благодараници на установите кои што придонесоа за реконструкција на објектот.