Наставници, делегации од општината, градоначалникот, Советот, јавните претпријатија, политичките партии, здруженија, денеска по повод 119 години од смртта на револуционерот, како и 77 години од постоењето на училиштето, оддадоа почит положувајќи свежо цвеќе на бистата на големиот револуционер „Гоце Делчев“ во истоимената гимназија.
Средношколци говореа за ликот и делото на Делчев и прочитаа литаратурни творби. Директорката на училиштето, Тодоровска цитирајќи познати фрази и мисли од великанот кажа дека е чест што училиштето го носи името на Делчев.
-Најпознатата мисла „Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“. Оваа мисла секогаш не води, и ќе не води и во иднина за да ги постигнеме секогаш резултатите и да бидеме горди со нашата гимназија, на ниво на нашата држава, но не само во рамките на земјава, ние сме горди и со многу успеси и во ова училиште знае цела Европа- рече директорката на училиштето, Марија Тодоровска.
Таа потсети дека училиштето целосно е реконструирано изминатиов период со средства од општината и од МОН. По повод патронатот, учениците подготвија и краткометражен мјузикл „Сите за слобода!“ во чест на великанот Гоце Делчев.