Два милиона и триста педесет илјади денари ќе бидат одвоени од општинскиот буџет за вршење работи од социјална заштита на здруженија. Согласно одлуката на Советот, финансиските средства ќе бидат распределени на пет граѓански организации од Куманово.
Општината предвидува средства и за спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравствената заштита, но и за организирање на превентивни мерки и активности во областа на социјалната и детската заштита. Парите ќе ги добијат граѓанските здруженија и организации кои претходно аплицирале со проекти на јавниот повик од општината.