(ВИДЕО) Оркестарот „Симфониум“ одржа концерт за 14-ти февруари

По повод 14-ти февруари, во Занаетчискиот дом синоќа се одржа концерт во чест на љубовта и виното. На концертот се претстави оркестарот при гимназијата „Гоце Делчев“ -„Симфоноум“, под диригентска палка на наставникот Филип Петровски. Оркестарот кој брои 20-ина членови функционира само една година, но веќе има над десет настапи. Учениците изразија задоволство што имаат можност да настапат пред кумановци.

-Свирам подолго време, уште од мали нозе, но во оркестарот се приклучив пред една година. Тогаш и започна да функционира самиот оркестар и голема благодарност до професорот којшто ме повика да свирам. Овој настап беше навистина нешто ново и неочекувано. Досега во нашиот град нема направено вакво нешто, затоа се заблагодаруваме и на општината која ни овозможи вакво нешто за да дојдеме овде и овој настап имавме многу проби, напорно беше. Во иднина сигурно ќе продолжам да свирам пијано, а нешто професионално не сум сигурна-истакна Лара Трајковска, која свири на пијано.

 -Публиката вечерва имаше можност да слушне нешто невообичаено, нешто што досега не верувам дека било слушнато, и зад стојат доста напорни проби, месец-два за да се слушне ова што го изведовме вечерва. Јас низа години свирам виолина но ова што го доживеавме сега не верував дека ќе се случи, најмногу поради ситуацијата во којашто се најдовме веќе две години поради ковид-нагласи Ева Стајковска, прва виолина во оркестар Симфониум.

 -Ни беше голем чест и привилегија да имаме можност да учествуваме на овој настан по повод Свети Трифун-нагласи Симона Петрушевска.

Диригентот и професор, Филип Петровски објасни дека освен класичната музика, вклучуваат и хорско пеење и балет.

 -Свириме пред се класична музика каде што модерната музика, нашата македонска со моите аранжмани правиме една фузија, создаваме еден нов звук, што отсекогаш недостасувало на нашата сцена. Нашата иницијатива е овој оркестар  да расте, од секој можен аспект од типот на сите наши традиционални македонски празници да ги вратиме каде што заслужуваат да спремаме мјузикли, концерт кои на Куманово ќе им бидат достапни. Овие деца се талентирани, има голем потенцијал кој учениците го поседуваат, но никој поради оваа криза досега не извлекол некој максимум, одлучив на овој чекор со голем ентузијазам и љубов да работам со нив, со часови работевме, месеци за секој настап, проба, децата се одлични-истакна тој.

Настанот се одржа под покровителство на Фондацијата за култура и спорт.

ВИДЕОТО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО ПО ЕМИТУВАЊЕ НА ДНЕВНИКОТ НА ТВ ПЛУС, ВО 18 ЧАСОТ!

Коментари

коментар(и)