ВИДЕО: Откриен насад со марихуана, приведено едно лице

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и соработка со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Куманово во пределот на село Винце, кумановско, открија место со насад со растението канабис сатива.По насоки од Јавен обвинител од Куманово растенијата биле подигнати за понатамошна постапка.

Додека, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово  утврдиле дека  П.С.(44 години) од село Винце го сторил кривичното дело, односно вршел  садење и одгледување на насадот со марихуана.

Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање и расчистување на случајот, СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава.

Коментари

коментар(и)