ВИДЕО: Почна учебната година, запишани 1.023 првачиња

Учениците се вратија во училишните клупи. Наставата во Oпштина Куманово започна со физичко присуство во сите основни и средни училишта. Како што информираат од Секторот за образование не се регистирани проблеми. Инаку учебната година почна за 1.023 првачиња. Во прва година средно пак запишани се 1.079 ученици.

-Оваа година во основните училишта се запишани вкупно илјада дваесет и три првачиња, бројката во споредба со минатата година е малку намалена, но во споредба со другите oпштини, Куманово запиша добар број на првачиња. Ќе потенцирам одиме во една блага надолна линија, како е падот на наталитетот во општината така и се повеќе зазема замав миграцијата на населението во западноевропските земји, а штом мигрира населението се празнат и училишните клупи. Инаку помина уписот и за средните училишта, во средните училишта се запишани во прва година илјада седумдесет и девет ученици, а вкупна настава во општина Куманово посетуваат и во основни и средни училишта четиринаесет илјади двеста педесет и еден ученик-истакна раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Александар Јовановиќ.

Коментари

коментар(и)