Здружението на просветни работници Куманово денеска ги прогласи триесетте првенци на генерацијата во учебната 2024/2025 година од основните и средните училишта од Куманово. Дипломи и награди за вложениот труд и постигнатиот успех на најдобрите основци и средношколци им беа доделени на свечена манифестација во Занаетчискиот дом.
За првенци на генерацијата во средните училишта се прогласени: Мелани Максимовска од Гимназијата „Гоце Делчев“ Елмедина Селими од Гимназијата „Сами Фрашери“, Стефанија Мартиновска и Амар Сулејмани од СОУ „Перо Наков“, Меланија Додевсла и Кедреса Зибери од ОСТУ „Наце Буѓони“ и Милица Пешиќ и Арта Аслани од ДСЦ „Киро Бурназ“.
Најдобри во основните училишта се учениците : Ејона Кадриу од „Бајрам Шабани“, Марио Цониќ од „Браќа Миладиновци“, Елеонора Цветковска и Греса Аземи од „Браќа Рибар“ – Табановце, Љуље Асипи и Андреј Малиновски од „Битолски Конгрес“, Лопате, Кристијан Јакимовски од „Вера Которка“ Клечовце, Лела Пандиловска од „Вук Караџиќ“, Алдон Синани од „Јероним Дерада“, Анабела Цветковиќ од ОУ „Карпош“ Умин Дол, Јован Димковски и Ерина Рамадани од „Кирил и Методиј“ Романовце, Анастасија Арсовска од ОУ„Кочо Рацин“, Влатко Ставревски од „Крсте Мисирков“, Мила Митровска од „Магдалена Антова“, Марио Велевски од „11 Октомври“ , Дукаѓин Јашари од „Наим Фрешери“ , Софија Митевска од „Христијан Карпош“, Кјара Ристиќ и Елвина Дервиши од „Толи Зордумис“, Ана Спиридоновска – виолина и Ева Симоновиќ – соло пеење од музичкото училиште „Панче Пешев“.
„Образованието е триаголник помеѓу наставник, ученик и родител кој доколку функционира често дава остри умови, дава правилни патишта и многу ретко тапи агли“, истакна претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска во своето обраќање пред присутните.
На првенците на генерацијата им посака уште поголеми успеси во понатамошното образование и живот порачувајќи им да не се откажуваат од тешкиот и трнлив пат што им претстои.
Во име на наградените ученици се заблагодари Стефанија Мартиновска, првенец на генерацијата од СОУ „Перо Наков.
Прогласувањето на најдобрите основци и средношколци во куманово беше проследено со културно – уметничка програмa.