ВИДЕО: Промовирана новата стихозбирка на Љиљана Тричковиќ

„Танц на дотрениот мост“ е најновата стихозбирка на авторката Љиљана Тричковиќ, која синоќа во Занаетчискиот дом беше промовирана пред љубителите на пишаниот збор. Станува збор за четврто дело на авторката која зад себе ги има објавено стихозбирката Секогаш своја, романот Прва замолив за љубов и романот Не ми ја допирај верата. Тричковиќ се надева дека и најновото дело ќе си го најде своето место кај читателите.  Во стихозбирката која е создавана една година, најзастапени се песни за љубовта.

Книгата пред кумановци ја промовираше директорката на градската библиотека, Христина Алексовска, а песни читаа Теодор Јакимовски, Габриела Тричковиќ, Марија Тричковиќ и Милица Ѓорѓевиќ Тасевски. За музичкиот дел беа задолжени Катерина Мицанова Николовска во придружба на пијанистот Јован Цветковиќ.

 

Коментари

коментар(и)