Друштвото на писатели од Куманово вчеравечер организираше промоција на постхумни изданија на стихозбирките „Поеми“ и „Поезија“ од поетот Наум Јовановски, професор по македонски јазик.
Со литературна дејност Јовановски почнал да се занимава уште во средношколските денови, а првата негова песна била објавена во младинскиот весник „Млад борец“.
Наум Јовановски има објавено четири стихозбирки, а добитник е на повеќе награди и признанија.
Присутните во Занаетчискиот дом синоќа имаа можност да се потсетат на едно од повеќето телевизиски гостувања на поетот Наум Јовановски.