До крајот на неделава целосно ќе биде завршена и пуштена во употреба улицата „Бајрам Шабани“, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски. Проектот е финансиран преку вториот владин повик, од средствата од унгарскиот кредит.
„Направив увид во активностите, 90 проценти од јавната прометна површина е веќе асфалтирана, тротоарите се изработени, до крајот на неделата комплетно ќе биде завршена и ќе биде пуштена во употреба. Што се однесува до улицата „Моша Пијаде“, станува збор за посериозен опфат со нова фекална канализација, 50 проценти од трасата веќе е завршена“, изјави Димитриевски.
Во наредниот период Димитриевски најави отпочнување, реализација или довршување на триесетина инфраструктурни проекти во Куманово.
„Еден од најкапиталните проекти е целосна реконструкција на улицата „Индустриска“, истакна градоначалникот.
Видеото со изјавата од Максим Димитриевски градоначалник на Куманово, по вестите во 18 часот.