Седум улици во Куманово се опфатени со Планот за одржување на јавните патишта во општината за 2023 година кој беше усвоен на последната седница на Советот.
За санација и крпење на дупки на патиштата минатата година беа одвоени 20 милиони денари од општинскиот буџет. Делумна реконструкција беше извршена на девет улици.
-Со План за одржување на јавни патишта за 2023 година предвидено е предвидено е да бидат реконструирани односно гребани, дел од бул. „Трета МУБ“, дел од ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ , „Киро Антевски“, „Михајло Пупин“, „Егејска Македонија“, „Никола Вапцаров“ и улица „Студена вода“ и краци во Доброшане, рече Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Совет на општина Куманово
Во 2022-та година делумно беа реконструирани улиците „Јане Сандански„, „Трајко Јовановски“, „Тане Георгиев“, „Жикица Јовановиќ -Шпанац“, „Васил Антевски“, „Сава Ковачевиќ“, „Драган Стопаревиќ“, „Титова Митровачка“ и „Тоде Мендол“.