(ВИДЕО) Се уште голем интересот за ковид тестови

Интересот за ковид тестови во лабораторијата на Центарот за јавно здравје Куманово е голем, иако пандемијата стивнува. Од оваа здравствена установа посочуваат дека секојдневно ги посетуваат до 70 лица. Од први месецов кога и започна да се реализира тестирањето, досега се извршени дури 900 тестови. Граѓани  се тестираат по епидемиолошки индикации, но и за патувања во странство. Најголем дел од граѓаните се од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Свети Николе, но значаен е бројот и на странски државјани кои транзираат низ земјава.

-Имаме граѓани од соседна Србија, Косово, Бугарија, тука поминаа Украина, Холандија, Белгија, Германија скоро сите европски држави, жители кои се на патување или во Македонија, лесно е бргу се даваат резултати и веќе пружаме услови за граѓани од скоро цела Европа. Направивме популарни цени и излеговме со брза услуга. Може да се добие резултат до 3-4 часа зависи од денот како ќе биде гужвата. Имаме супер брз тест за час до час и 15 минути е резултатот. Луѓето се задоволни сами доаѓаат кај нас, тестовите ни се признаени, сертифицирани со превод на странски јазик-истакна д-р Дане Милошевски, началник на микробиолошка лабораторија ЦЈЗ Куманово.

Капацитетот на лабораторијата е до 300 тестови дневно, но од установата укажуваат дека тој може и да се пошири зависно од потребите. Засега се работи само во една смена.

-Матичните лекари имаат од 40 до 50 слободни термини, можат нашите сограѓани преку упат од матичен лекар да се пријават кај нас. Приватните пациенти не мора да дојдат со закажан термин, тие можат секогаш да дојдат да се пријават и веднаш ќе им биде завршено, за 4-5 часа ќе го имаат резултатот. Ќе заштедат, не мора да одат до Скопје, време и средства плус ние сме поефтини од сите други. И до комисијата за заразни болести правиме и барање чекаме одобрение да почнеме тестирања и за општата болница во Куманово и за другите секундарни здравствени установи-дополни Ариф Љатифи, директор ЦЈЗ Куманово.

Лабораторијата нуди можност и за правни лица, меѓу кои за туристички агенции, спортски клубови и за сите кои се заинтересирани и кои сакаат да тестираат повеќе од 4 лица, цената е 1800 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)