ВИДЕО: Се штрајкува и во градинката, но се згрижуваат и деца

На штрајкот на СОНК се приклучија и вработените од осумте објекти на градинката „Ангел Шајче“ од Куманово. Но, во оваа образовна установа и денеска се примаа деца. Од утринава се згрижени 350 дечиња, бројка која е помала во споредба со претходните денови кога се движеше од 500 до 700, информираат надлежните нагласувајќи дека согласно законите и конвенциите, дејноста за згрижување и воспитание на деца не смее да се прекинува освен за вонредни состојби, како што се природни непогоди или пандемии. Во оваа установа штрајкуваат 47 проценти од вработените.

-Штрајкот е легитимно право, можам да кажам дека во нашата установа дел од вработените штрајкуваат, поточно од 219 вработени, 103 се во штрајк, додека останатите или 47 проценти се во штрајк а останатите 53 проценти се на своите работни места. Правото на штрајк е загарантирано право на секој вработен, на секој работник согласно одредбите на Установо, но согласно упатствата за организирање и одржување генерален штрајк од страна на СОНК, дел од вработните работиници имаат обврска за време на штрајкот кога го остваруваат своето право да извршуваат и дел од некои минимални работни задачи, за неопходно функционирање на нашата установа, бидејќи згрижуваме деца, за да може дејноста непречено да се одвива- истакна Марина Алексовска, директорка градинка „Ангел Шајче“ Куманово.

Директорката на кумановската градинка објасни и дека согласно законот имала обврска да обезбеди заменски наставници, па по добиеното известување за организирање штрајк, упатила барање за согласност  од градоначалникот и Општина Куманово, но добила одговор дека не се предвидени средства за таа намена.

Штом ја добив одлуката за организирање и одржување на овој генерален штрајк во понеделник, во вторник доставив барање за согласност до градоначалникот.  За да во петок добијам одговор дека во основниот буџет за 2022 година во делот за исплата на плати во програмата за детски градинки нема планирано финансиски средства. Сепак нашата установа продолжува со работа согласно законот, конвенцијата за правата на децата, Уставот и затоа апелирам до родителите согласно сите овие закони и конвенции нашата установа и понатаму и денеска работи си ја врши својата дејност и во услови за време на одржување на генерален штрајк-нагласи Алексовска.

Бројката на запишани деца во кумановската градинка е околу 1.400, но согласно здравствените протоколи можност да ја посетуваат поради пандемијата имаат само 50 проценти од нив. Кумановската градинка како установа подготвува и носи храна за детската градинка во село Оризари во Општина Липково, каде што исто непречено се одвива работата за згрижување и воспитание на децата.

 

Коментари

коментар(и)