(ВИДЕО) Советот ја одржа последната седница, во овој состав

Кумановскиот совет денеска ја одржа последната седница во овој состав. Досегашната претседателка, Атина Мургашанска изрази задоволство од работата на ова тело, реализираните проекти, спроведени измени. Пред советниците се обрати и советникот со најдолг стаж, од 20-тина години, Фериз Дервиши.

-Благодарение на залагањето на Советот со поддршка на УНДП и Швајцарската агенција за развој ние обезбедивме средства за реконструкција на фасадата, прозорците, кровната конструција и дел од училниците во посебните паралеки на  ОУ „Браќа Милановци“, а како Совет се изборивме и второпласираниот проект за адаптација на дел од училниците на ОУ Христијан Карпош исто така да биде финансиран но од средствата на буџетот на општината. Овие форуми на заедницата се надевам дека ќе бидат редовна пракса, особено при креирањето на буџетот -истакна Мургашанска, посочувајќи за измените на Статутот на Општина Куманово организираните трибини и слично.

-Сакам да изразам голема благодарност првин за соработката, толеранцијата и за активностите што ги имавме во периодот од 4 години. Сакам да се заблагодарам  и на поранешните советници почнувајќи од 2000 година бидејќи јас непрекинато 21 година бев советник во Советот на Општина Куманово. Посебна благодарност до граѓаните кои ни дадоа можност да ги решаваме нивните проблеми. На идните советници им посакувам успешна работа, и да ги остварат сите потреби и барања на граѓаните со препорака без оглед дали ќе биде пратеник, советник, министер секогаш да биде во служба на граѓаните –истакна советникот со најдолг стаж, Фериз Дервиши.

 

 

Коментари

коментар(и)