(ВИДЕО) Со бројни културни точки, настап на Јелена Томашевиќ, се одржа Светосавската академија

По повод Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија, Српската заедница, регионален одбор Куманово, традиционално организираше свечена Светосавска академија која се одржа во Занаетчискиот дом. На манифестацијата присуствуваа високи лица од Србија и Македонија, а пред нив настапија пејачката Јелена Томашевиќ со уметничкиот оркестар на Министерството за одбрана на Србија, КУД „Српски вез“, акдемикот Славенко Терзиќ, актери од српскиот народен театар.

Обраќајќи се пред присутните, амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ, посочи дека Свети Сава освен што бил најголем српски просветител, архиеписок бил и дипломат и дека Србија продолжува по неговиот пат, со политика на мир, и добрососедски односи.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека се работи на отворање на конзулат на Република Србија во Куманово.

Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот. И тоа не го докажуваме ние политичарите, туку тоа всушност го докажуваат самите граѓани на дело, проткаени низ заеднички бракови, измешани традиции, создадена заедничка љубов којашто дополнително создава заеднички вредности. Оваа прилика сакам пред сите вас да соопштам дека веќе работиме на отворање и со новиот почесен конзул на Република Србија во Македонија на конзулат во Куманово којшто ќе има задача да ги унапредува тие наши братски односи“, рече Димитриевски.

Одборот за доделување признанија и награди на Српската заедница во Македонија годинава одлучи признанието да го додели постхумно на Добривое Томиќ, за неговиот долгогодишен придонес за зачувување на српскиот идентитет. Наградата ја прими неговиот син, Драган Томиќ.

Телевизија Плус вршеше директен пренос од Светосавската академија.

Коментари

коментар(и)