Обележувањето на пешачките премин се спроведува со цел поголема безбедност на пешаците во сообраќајот. Хоризонталната сигнализација во градот и приградските населби годинава ќе се обележува со два милиони денари, средства одвоени од буџетот на општина Куманово.
При редовното обележување на пешачките премини приоритетни секогаш се улиците во близина на училиштата и градинките.
Обележувањето на хоризонталната сигнализација е во надлежност на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.
– Ние имаме делегирана надлежности по програма на општина Куманово, ја работиме и сме задолжени за хоризонтална сигнализација. За таа цел и намена имавме определено минатата година два милиони денари, потоа имаше ребаланс на буџетот, со оглед на големиот опфат на пешачките премини и сите останати елементи кои се во наша надлежност и добивме дополнителни еден милион и петстотини илјади денари, оваа година имаме повторно определено два милиони денари. Самата хоризонтална сигнализација опфаќа бојадисување на пешачките премини, исцртување на полуиспрекинатите коловозни ленти, означување на автобуските постројки, го опфаќа и централното градско подрачје и приградските населби и сите оние пешачки премини околуи училиштата во целиот град, како и пред верските објекти. Овој тренд ќе продолжи, ние имаме специјализирана екипа за таа работа за која се обучува, имаме и специјализирана машина според сите параметри, станува збор за одлично обележување. Наидуваме на извесен проблем со бојата која ја набавуваме, минатата година по тендерска постапка набавивме солидна боја меѓутоа самата има многу краток век, односно избледува. Оваа година сме во план и веќе сме во постапка на еден посебен тип на обележување, ќе видиме дали ќе го спроведеме, на принцип на пластика, за таа работа ќе го обучуваме тимот и ќе продолжиме да обележување поквалитетно, изјави Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.