(ВИДЕО) СПК „Козјак“ одбележува 40 години постоење

Спортско планинарскиот клуб „Козјак“ одбележа 40 години од своето постоење. По тој повод членовите на клубот организираа свечена академија на која ги презентираа активностите, а за својата активност членовите добија и благодарници. По повод јубилејот во недела ќе се реализира и акција Куманово Биљановце-Борови-Студена вода.

За почетоците на клубот зборуваа неколку активисти. Клубот кој е еден од најстарите во земјава, бил формиран во 1967 година, а веќе наредната година бил згаснат. Возобновен е во 1982 година.

Покрај овие активности, во клубот се одржува и летна планинарска школа, искачување на врвовите на планините низ државата, а на високо ниво е и соработката со македонски и балкански планинарски друштва. Во „Козјак“ членуваат 84 активни и над дваесетина пасивни планинари. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. СПК „Козјак“ располага со еден планинарски дома во село Длабочица.

 

 

 

Коментари

коментар(и)