ВИДЕО: Стабилна e состојбата во училиштата со Ковид 19, информира Секторот за образование

Секторот за образование при Општина Куманово информира дека е стабилна состојбата со Ковид 19 во основните и средни училишта во градот.

Од почетокот на учебната година се евидентирани речиси 180 заболени ученици и 30-ина вработени. Велат, проработе свеста, вирусот не се шири во училиштата. Родителите или вработените штом забележат симптоми, остануваат во своите домови. Во изолација во моментов се пет групи. Заболените ученици од Куманово се од различни училишта од централното подрачје. Во руралните средини засега нема регистирани. Во училиштата, нагласуваат се работи согласно здравствените протоколи.