„Во програмата која се состои од шест столбови, чисто Куманово е еден од најбитните елементи“, кажа денеска независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Горан Стојковски- Диро, истакнувајќи дека проблемите системски ќе ги решаваат, постепено со поддршка од граѓаните.
„Овде се работи исклучиво за начин на менаџирање на општината. Имаме лошо менаџирање со општината, дисфункционални јавни претпријатија, нефункционална општина“, кажа Стојковски.