ВИДЕО: Тече реконструкцијата на СОУ „Перо Наков“

Активно тече реконструкцијата на средното училиште „Перо Наков“. Во моментов се менуваат вратите на училниците, кабинетите, канцелариите, тоалетите. Најголем дел од средствата се обезбедени од Општина Куманово, но и од Министерството за образование и наука. Надлежните очекуваат значително подобрување на условите за настава.

Завршено е партерното уредување на училишниот двор, на половина сме со реконструкција на ограден ѕид на училишниот двор во паралелки на македонски наставен јазик, исто така завршивме со инсталирање на греење во спортските сали, во матичниот објект, и дисперзираниот објект. Во моментов се работи на замена на столарија во матичниот објект, се менуваат вратите на училниците, канцелариите и тоалетите. Исто така се врши замена на прозорци во холови и тоалети, влезот кај учениците и наставниците исто така треба да биде заменет, како и последна фаза останува да се реконструира фасадата на училишната зграда-изјави директорката на училиштето, Мила Жибак Димковска.

Училиштето потпишало договор со Министерството за образование и наука, за реконструкција на фасадата на објектот, а ќе адаптира и тоалет за лицата со попреченост.

-Со години наназад немавме ваква реконструкција на училишниот објект, сметам дека самото реконструирање ќе придонесе кон подобар изглед и подобри услови, енергетска ефикасност и заштеда на енергијата за подобра реализација на настава и за учениците и за целокупниот наставен и ненаставен кадар во училиштето. Сметам и дека ќе бидеме поатрактивни за идните ученици и дека бројот на учениците за следната учебна година ќе порасне-дополни директорката.

Паралалено набавена е и нова училишна и електронска опрема.

Набавивме околу 100 клупи, и 200 столчиња за двата објекти, 90 компјутери, посебено за кабинетите по информатика и графички дизајнер. Набавивме и паметни табли, така што работиме на тоа да ги подобриме, целосно условите за работа во самото училиште-истакна Жибак Димковска.

Во „Перо Наков“ настава следат над 800 ученици на македонски и албански наставен јазик.

 

 

Коментари

коментар(и)