На иницијатива на Секторот за внатрешни работи Куманово, односно Отсекот за превенција, заедно со Секторот за образование при Општина Куманово денеска се одржа трибина за врсничко насилство или попознато како булинг во училиштата. Беше истакнато дека учениците мора да бидат храбри и да пријавуваат булинг, не само физичко насилство туку и психичко. За зголемениот булинг во училиштата стручните лица посочуваат и дека голема улога има карантинот од ковид пандемијата. Се осврнаа и на групи на социјални мрежи кои неодамна беа откриени во училишта во Куманово и на кои се работи за целосно расчистување. Апелираат до родителите да ги контролираат децата што споделуваат, но и стрчните служби, класните раководители кои за време на настава може да влијаат на однесување на учениците.
Покрај претставници на институции, на трибината учествуваше и психологот Дивна Јанкова, која низи години работи на теми поврзани со насилство кај учениците. Таа истакна дека родителите не смеат да изгубат комуникација со своите деца, да знаат да препознаваат, но и да не дозволат да бидат жртви, бидејќи некогаш може да се предизвикаат несакани последици. Укажа и дека учениците, не треба да останат неми сведоци и да поддржуваат насилство. Тие можат најмногу да помогнат на своите пријатели. Да нема омраза, туку говор на разбирање, ненасилна комуникација, посочи Јанкова.