(ВИДЕО) ЈП „Куманово План“ бележи позитивно работење

Јавното претпријатие „Куманово План“ бележи подобрување на финансиското работење. Ова беше истакнато на седница на Советот на Општина Куманово, каде се разгледаа годишниот финансиски извештај за 2022 година и последното тримесечјие.

Претпријатието остварило добивка, но и забележално значителни резултати во намалувањето на расходите. Успех велат е и што се исполнети речиси 94 проценти од програмата на Секторот за комунални работи.

Директорот Николовски посочи дека резултати следат, иако условите за работа се исти, но системот значајно е променет. Изрази и благодарност до вработените. Целта оваа година вели ќе биде да се обезбедат средства и можности за зајакнување на кадарот, доекипирање.

 

Коментари

коментар(и)