Влез само со две дози на вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија. Од наредниот месец ќе биде потребна потврда за целосно вакцинирани граѓани, нешто што важеше само за граѓани кои примиле една доза на вакцина.

„Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани“, истакна Филипче.

Дополни и дека ќе се спроведе анализа по региони и ќе се одлучи дали ќе има измени во однос на наставата.

-Во однос на училиштатата нема зголемување на деца кои се хоспитализирани. но дали ќе препорачаме нешто во однос на делот на спроведување на наставата ќе зависи од аналзата којашто ќе биде готова во сабота, поради тоа што сакаме да видиме прво по градови, колку од новодијагностицираните се вакцинирани, возрасната група односно дали има деца кои одат во училишта каква е бројката на дијагностицирани деца во училиштата. Сега бројката навистина е мала но ќе ги анализираме сите овие работи за да видиме дали ќе препорачаме нешто друго во однос на наставата, рече Филипче.

 

Коментари

коментар(и)