Крводарителска акција организира Црвениот крст во Куманово во вторник, по повод празникот 11 Октомври. Акцијата ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од 9 до 14 часот.
– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, стои во повикот на Црвен крст Куманово.