Дваесетина третоодделенци од О.У. „Христијан Карпош“ се во изолација откако позитивни на коронавирус биле учителка и професор по англиски јазик, информираше директорката на училиштето, Лидија Костиќ. Таа нагласи дека се превземаат засилени мерки за дезинфекција во ова училиште, потенцирајќи дека ова е прв случај на изолација на одделение кое следи настава со физичко присуство. Информацијата ја потврди и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, но истакна дека генерално во училиштата, како и во градинките во Куманово состојбата засега е стабилна.
Вчера и општинскиот кризен штаб апелираше на почитување на мерките и оттаму нагласија дека се зголемува бројот на заразени млади лица и нивни семејства, а ја имаме и изјавата на градоначалникот кој упатува апел до граѓаните.