Во Куманово двајца починати и 56 нови случаи КОВИД-19

Во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево – по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци – по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар – по 2, Дебар и Македонска Каменица по – 1.

Регистрирани се 722 оздравени пациенти од:
Скопје – 331, Охрид – 59, Кавадарци – 36, Прилеп – 33, Неготино – 25, Битола – 24, Куманово -23, Гостивар и Крива Паланка – по 22, Гевгелија – 20, Струга – 18, Велес – 16, Тетово, Штип, Кочани и Струмица – по 13, Валандово – 7, Кичево, Радовиш, Делчево и Богданци – по 4, Демир Капија и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Берово, Ресен и Крушево – по 2, Виница, Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 29 починати лица, на возраст од 38 –86 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Направени се 3.897 тестови преку: ИЈЗ-829, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија – 79, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Авицена-351, Биотек-463, Систина-260, лабораторија Лаор–138, Синлаб-73, Ремедика-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1340.

Досега во земјата се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)