Во Куманово ќе се одбележи 8-ми септември

Во Куманово Денот на независноста, 8-ми септември традиционално ќе се одбележи пред споменикот Жена борец со почеток во 11 часот.

Претставници на општината, Советот, установи, претпријатија, училишта, здруженија и граѓани, ќе положат свежо цвеќе, а ќе се одржи и пригодна културно уметничка програма.

Настанот го организира Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)