Неколку села во кумановскиот крај во понеделник ќе останат привремено без струја.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без електрична енергија во период од 09:00 до 11:30 часот ќе бидат селата Стрновац, Старо Нагоричане, м. в. Бело Грамаде, печатница Еврос Комерц, село Драгоманце, Младо Нагоричане, Челопек, Коинце, Гулиновац, Пелинце, Алгуља, Враготурце, Никуљане, Четирце, Карабичане, Табановце, парк на ЗИК Жегљане, Пузаљка, Степанце, Малотино, Кокино, Осиче, Длабочица, Буковљане, Цветишница и базната станица до Перен.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.