В недела протест пред Собранието против новите мерки

На 15-ти август в недела, во 19 часот пред Собранието е закажан пpoтecт против ковид пропусниците.

Во најавата за протестот се потенцира дека истиот е народен, непартиски и се поканети сите граѓани на Република Македонија без разлика на верата и нацијата, политиката, статусот, бидејќи се работи за заштита на најосновните човекови права кај нас и насекаде во светот. Жителите на сите градови кои немаат можност да присуствуваат во Скопје, пожелно е да самоорганизираат протести во своите градови, стои во најавата за протестот.

Протестот доаѓа по најавата на Владата дека од 16 август речиси никаде нема да може да се влегува без потврда за вакцина.