Во кумановскиот театар на 25-ти февруари ќе се изведе претставата „Чекајќи го министерот“.
Во оваа комедија играа Лидија Вукичевиќ, Семир Гициќ и Сашо Ристовски. Поради големиот интерес надлежните од оваа установа, закажаа две претстави.
-Освен претставите кои што ги имаме на нашиот репертоар имаме едно гостување од Република Србија, претставата „Чекајќи го министерот“, закажавме една претстава од 19 часот на 25-ти февруари, меѓутоа веднаш се продаде таа претстава, така што закажавме и втора од 21 часот, и за таа билетите се распродаваат и мислиме дека ќе имаме успешни две театарски претстави тој ден. Тоа е комедија и мислам дека ќе биде добра-посочи директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.