Дизелот поскап за половина денар

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 59 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 58,50 денари.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 67, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 денари за литар. Со одлуката за 0,1 денар за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот  и сега ќе изнесува 34,4 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)