ДИК: Излезноста до 13 часот е дваесет проценти на ниво на државата

Излезноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристигнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244.

Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31.