(ВИДЕО) Димитровска: Нудиме реално остварливи мерки

Нашата програма не беше пишувана зад партиските завеси, ниту штабови, туку отворено со сугестии на граѓаните, истакна на денешната прес конференција, кандидатката за градоначалник од коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска. Таа воедно на првиот ден, на останатите кандидати им посака успешена кампања.

-Оваа програма ќе биде прогресивна, со реално остварливи мерки, а не со некои шпекулативни проекти и програми. Сметам дека ова е исклучителен излез од црно белиот свет односно програмата ги содржи решенијата кои што се значајни за сите граѓани подеднакво, а не само за некои поединци за нивни лични интереси. Сакаме да креираме, нудиме решенија за град кој ќе биде урбан и развиен а сепак зелен град. Не смееме да заборавиме и на економијата, бизнис секторот, малите и средните претпријатија нашата општина мора да биде социјално одговорна општина која ќе се грижи за сите групи граѓани, маргинализирани-нагласи таа.

Димитровска дополни дека авангардноста и прогресивноста на движењето што го застапува се огледало токму во нејзината кандидатура, како најмлад претставник кој влезе во трката за градоначалник на најголемата општина во земјава.

-За мене посебно лично и значајно го сфаќам тоа што повторно ќе ја вратиме сликата на Куманово како чевларски град. Јас поттекнувам од чевларско семејство за мене ова ќе биде едно исклучително значајно искуство но и проект за кој сигурно ќе се залагам. Чевларската дејност е многу значајна  во нашиот град и место постојано да ја унапредуваме не смееме да дозволиме таа полека да изумира-истакна таа.

Нагласи дека ова е исклучително значаен чекор за младите и жените кои се застапени на листите. Ветуваат скејт парк, а приоритет ќе биде и културата и уметноста. Дополни дека предлозите во наредниот период ќе им бидат презентирани на кумановци, кои ги повика да излезат и да гласаат одлучно за промени за број 2.

 

 

 

Коментари

коментар(и)