Од дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи ги издвојуваме следните настани:
Две лица од Скопје биле приведени викендов откако употребиле солзавец во дискотека во Куманово, а потоа нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Според СВР Куманово, лицата на возраст од 23 и 24 години биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Секторот за внатрешни работи соопшти дека викендов дваесет и едногодишен кумановец со метален предмет бил нападнат од повеќе лица на булеварот „Октомвриска револуција“. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.