Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
На 10.08.2026 во 19:00 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.А.(22) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај полициски службеници сопреле возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Е.А. го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 09.08.2026 во 14:28 часот во СВР Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено од лекови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2026 во 15:00 во СВР Куманово, Д.С.(50) од Куманово пријавил дека во неговиот двор на улицата „Кирил и Методиј“ пронашол зрно од огнено оружје. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2026 година во 18:38 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Пузаљка, Општина Старо Нагоричане настанал пожар во паркирано патничко моторно возило кое било натоварено со дрва. Од пожарот била зафатена и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.