„Оваа година се одбележуваат 25 години од откривањето на локалитетот Кокино, значаен јубилеј кoj во текот на 2026 година ќе биде одбележан со повеќе научни, културни и промотивни настани“, објави министерот за култура и туризам Зоран Љутов, откако вчера утрото изгрејсонцето го дочека на Кокино, следејќи ja долгоденицата заедно со семејството, градоначалникот на Старо Нагоричане Мирослав Славковски, пратеникот Бране Петрушевски, директорката на Музеј Куманово Марија Живачки и директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски.
„Од одредена точка на локалитетот може да се набљудува изгрејсонцето низ специфичен карпест процеп — феномен кoj е една од најпрепознатливите карактеристики на Кокино. Овој локалитет не е значаен само од археолошки аспект, туку претставува и уникатен спој на културата, науката и природата“, напиша Љутков.