Во организација на фото клуб „Мотус”, деновиве беше отворено второто издание на изложбата на фотографии, посветена на фасцинантниот свет на инсектите, во Уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово. Љубителите на уметничката фотографија имаа можност да видат 32 колор макро фотографски дела, на тема инсекти (ентомологија), изработени од шпанскиот автор Педро Луис Саиз Ајури-агера (MFIAP Master).
Целта на изложбената поставка е доближување на сложениот свет на инсектите до човекот, претставувајќи ја нивната улога и значење, во животниот циклус на планетата Земја.
Изложбата „Ентомо фото фест 2025“ е под покровителство на Фото сојуз на Македонија, поддржана од Општина Куманово.