Измамена кумановка останала и без пари и без огревно дрво

Во СВР Куманово, вчера напладне 62-годишна жена од Куманово пријавила  дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари.

Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде што наводно биле складирани. Како што е пријавено, откако пристигнале, лицето и кажало дека ќе оди да донесе мотор за сечење на дрва, но отишло во нејзината куќа и од нејзината снаа ги побарало парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)